Повторно насамарени и понижени – Пишува Горан Момироски

Loading...

Пред наредниве часови/денови Владата да објави, според нив, компромисно, а во суштина недостоинствено и неиздржано решение за разликата за името, да си кажеме во очи каде е една од најголемите грешки во спорот и какви се последиците од неа.

Тие што темелно го следат грчко-македонскиот спор за името забележуваат една константа што е присутна, но никогаш не е главна тема во јавноста.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос е постојано присутен во јавноста и постојано ги испраќа главните пораки, а ние овде се фокусираме на Коѕијас и на Ципрас.

Всушност, ако внимателно се анализира, ставот на грчкиот претседател ја определува рамката за „новото име“ и „потребата од уставна ревизија“, кои „нема да зрачат иредентизам“.

Ципрас и Коѕијас само ја следат оваа рамка со чија помош најверојатно повторно ќе бидеме насамарени и понижени.

Павлопулос ни кажал сè кога вели дека новото име не смее да упатува на „промена на границите“, „етничка припадност надвор од РМ“, „јазик надвор од РМ“, што би предизвикало малцински права во грчка Македонија.

Грција го дефинира концептот на обединета Македонија како закана за променливост на граници и територијални претензии, а терминот Егејска Македонија е основа во иредентистичкото барање.

Според меѓународното право, концептот на иредентизам опишува политичко и идеолошко движење со цел обединување на нацијата (нации) со враќање на изгубеното население и територии (територија, стекнување).

Иредентистичките тврдења имаат намера да се ослободат од странските контролни области за кои се верува дека припаѓаат на татковината поради етнички или јазични врски, поради географски или историски причини, или поради претходно поседување.

Врз основа на барањето од грчкиот претседател, поглавјето за иредентизам e дел од грчкиот нацрт-предлог и го обликува идното решение за ИМЕТО на државата, изведувањето на ERGA OMNES, определување на НАЦИОНАЛНОСТ и ЈАЗИК, имплементирање на УСТАВНА ревизија за обезбедување на непроменливост на граници и територијални претензии за да не се предизвикаат малцински права и тензии во грчка Македонија.

Грчкиот став онака како што е сместен во нацрт-договорот формално се темели врз основа на меѓународното и на европското право. Но, ако се влезе во деталите, тој став е спротивен на сите валидни меѓународни закони за индивидуални и колективни човекови права.

Врз основа на член 3 од македонскиот Закон за меѓународни договори, став 2, овие прашања кои се во поглавјето „иредентизам“ потпаѓаат под Претседателот на Република Македонија, додека идентитетот и јазикот се непреговорливи и водењето на разговори е во спротивност со меѓународното право поради правото на самоопределување.

Грчкото барање за уставна ревизија е директно мешање во внатрешните прашања на Македонија, а ако се прочита Пресудата од Хаг и целосно неосновани.

А ние упорно преговараме и лицитираме со часови, денови и нерви пред големиот Ден Д кога ќе се реши името.

Не гледајќи дека повторно од некадарност или можеби лукративни причини влеговме во јама од која нема излез.

За да има правна и политичка логика, Македонија, односно тимот преговарачи, треба прво да го разглоби грчкиот пакет и да определи што не е спорно и за што треба да се разговара, па дури потоа да се отпочне постапка за преговарање со уставна основа. Сè друго е погрешно и казниво.

Според уставните и законските овластувања, Владата во духот на добрата волја може да разговара, но не може да преговара за разликата околу уставното име.

Уставот во членот 119 е јасен: Претседателот потпишува договори во име на Република Македонија. Кој не верува во тоа, нека ги праша експертите за уставно право.

Грчката страна многу добро го знае членот 118 од македонскиот устав, кој пропишува меѓународните договори да бидат во согласност со Уставот, а не да предвидуваат негова измена.

Сè додека не се промени член 118 од Уставот, договорот во оваа форма за каква слушаме деновиве не може да се имплементира, вклучувајќи ерга омнес и уставна ревизија.

Според јавните податоци од грчките барања во разговорите меѓу Атина и Скопје, јасно е дека Грција го почнала процесот на разговори/преговори со цел да најде решение што е добро за неа или, ако такво нема, да се најде решение спротивно на нашиот Устав или да не се најде решение воопшто. Во сите сценарија Атина ги зголемува максималистичките барања за политичка победа, одговорна страна и префрлање на вина кон другиот.

Не случајно деновиве грчките медиумски канали се искршија да ни кажат дека Грција нема да игра „blame game“. Затоа што веќе одамна ја играат, а ние не сме свесни. Или, пак, така му одговара некому.

Затоа, денес имаме различни толкувања на „усмениот договор“.

Она што двајцата премиери и министрите Димитров и Коѕијас го разговарале е невозможно да се стави на хартија во форма на нацрт-договор кој би бил изработен во ОН.

Имплементацијата на вакво хибридно решение, т.н. „единствен пакет“, без прочистување на уставните и на антиуставните делови е невозможна мисија.

Освен ако некој не е решен насила да го урива Уставот и да провоцира обвинение за велепредавство, дело што не застарува ниту во мислите, ниту во судовите.

 

6 Коментари

  1. Од самото име„ Македонија” Грците дедуцираат наводен ИРЕДЕНТИЗАМ! Тоа е најсмешното во целата игра со менување НАШЕ ДРЖАВНО ИМЕ. Имено, НЕ СМЕЕ ДА ИМА баш НИШТО “Македонско” и нација “МАКЕДОНЦИ” според Грција “не смее да постои”!
    Во судската пресуда е јасно докажано ДЕКА иредентизам не постои!
    Проблемот не е со СДСМ кои не разбираа дека ВАКОВ ПРОБЛЕМ НЕМА РЕШЕНИЕ!
    Проблемот е и во претседател Иванов, кои споредено со Павлопулос НЕ ДАВА НИКАКВИ изјави!!
    А си ВМРО раководство, исто така е проблем што НЕ разбираат дека НЕ ФУНКЦИОНИРА тн. “Двојната формула”, не може да се изјави “ние сме против промена Уставот со цел промена името”!!! Грците се во право кога велат : ИМЕТО Е ЕДИНСТВЕНО И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАВРШИ СО БИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР!
    Да Така е! Државното име е секогаш ЕРГА ОМНЕС!!! ИМА УНИВЕРЗАЛНА УПОТРЕБА И ОПФАКА УСТАВ!
    Кога ООН кажале во рез. дека би требало да се преговара за името на државата, ООН допушти ИНТЕРФЕРИРАЊЕ во СТРОГА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА (УСТАВ), и тука ЗГРЕШИ!
    Сега грешката МОРА да се исправи, бидејки со името е проблематизиран и НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ на еден суверен народ во една суверена ДРЖАВА, со меѓународно гарантирани НЕОТУЃИВИ ПРАВА!
    Според рез. 817 на СБ, забелешка е ставена во Преамбулата („Notice “), но не и во диспозитивниот дел од резолуцијата (ПРЕПОРАКА), и нема повикување на ГЛАВА VII, а во заклучниот дел НЕ е предвидено редовно известување (како пракса) до Советот за Безбедност на ООН. Во диспозитивниот дел јасно е кажано “очекувајки БРЗО средување на разликата” (битно е “Speedy”), при што самиот текст нема Наредбодавен или обврзувачки Карактер. Во преамбулата е содржана ургенција, а во диспзитивниот дел препорака до ГС на ООН.
    Во рез. 845 на СБ, се УРГИРА (а не донесува обврзувачка одлука) да разликата биде “средена” до „следното Заседание на ГС на ООН”. Покасно, медијацијата на Нимиц НЕ се врзува за СБ на ООН, туку единствено за Генерален секретар на ООН односно Секретаријатот на ООН (со административни надлежности) !!! Не постои РЕДОВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СОВЕТОТ!
    За постапката која треба да се прави види: https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

  2. Од самото име„ Македонија” Грците дедуцираат наводен ИРЕДЕНТИЗАМ! Тоа е најсмешното во целата игра со менување НАШЕ ДРЖАВНО ИМЕ. Имено, НЕ СМЕЕ ДА ИМА баш НИШТО “Македонско” и нација “МАКЕДОНЦИ” според Грција “не смее да постои”!
    Во судската пресуда е јасно докажано ДЕКА иредентизам не постои!
    Проблемот не е со СДСМ кои не разбираа дека ВАКОВ ПРОБЛЕМ НЕМА РЕШЕНИЕ!
    Проблемот е и во претседател Иванов, кои споредено со Павлопулос НЕ ДАВА НИКАКВИ изјави!!
    А си ВМРО раководство, исто така е проблем што НЕ разбираат дека НЕ ФУНКЦИОНИРА тн. “Двојната формула”, не може да се изјави “ние сме против промена Уставот со цел промена името”!!! Грците се во право кога велат : ИМЕТО Е ЕДИНСТВЕНО И НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАВРШИ СО БИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР!
    Да Така е! Државното име е секогаш ЕРГА ОМНЕС!!! ИМА УНИВЕРЗАЛНА УПОТРЕБА И ОПФАКА УСТАВ!
    Кога ООН кажале во рез. дека би требало да се преговара за името на државата, ООН допушти ИНТЕРФЕРИРАЊЕ во СТРОГА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА (УСТАВ), и тука ЗГРЕШИ!
    Сега грешката МОРА да се исправи, бидејки со името е проблематизиран и НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ на еден суверен народ во една суверена ДРЖАВА, со меѓународно гарантирани НЕОТУЃИВИ ПРАВА!
    Според рез. 817 на СБ, забелешка е ставена во Преамбулата („Notice “), но не и во диспозитивниот дел од резолуцијата (ПРЕПОРАКА), и нема повикување на ГЛАВА VII, а во заклучниот дел НЕ е предвидено редовно известување (како пракса) до Советот за Безбедност на ООН. Во диспозитивниот дел јасно е кажано “очекувајки БРЗО средување на разликата” (битно е “Speedy”), при што самиот текст нема Наредбодавен карактер.
    Во рез. 845 на СБ, се УРГИРА (а не донесува обврзувачка одлука) да разликата биде “средена” до „следното Заседание на ГС на ООН”. Покасно, медијацијата на Нимиц НЕ се врзува за СБ на ООН, туку единствено за Генерален секретар на ООН односно Секретаријатот на ООН (со административни надлежности) !!! Не постои РЕДОВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СОВЕТОТ!
    За постапката која треба да се прави види: https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

  3. Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постоји решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 136 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име.
    Нема потреба од компромис! Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија!

  4. Зоран Заев и Никола Димитров се причина во Македонија да се врати смртната казна. Ова важи и за останатите кои пред нив истото го правеа. Зоран Заев и Никола Димитров ја заслужиле смртната казна поради најтешко кривично дело велепредавство на јазикот, културата, историјата, верата, нацијата и државата!
    Промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, слобода на мисла и јавно изразување на мислата, туку флагрантно кршење нз Устсвот и на меѓународното право, најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Ваква повреда на угледот на Република Македонија (член 178), излагање на подбив на Македонскиот народ (член 179), велепредавство (член 305), загрозување на независноста (член 308), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (член 313), здружување заради непријателска дејност (член 324), злоупотреба на службената положба и овластување (член 353), и самовластие (член 392) од Кривичниот законик, Македонскиот народ и Македонија ниту во ропство не доживеале!
    Зоран Заев и Христијан Мицкоски треба да застанат пред огледало и да се запрашат: Дали ЕУ и НАТО се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата?! Или ќе останеме дел од биографијата на еден старец пред умирање кој “го решил спорот на Атина за нашето име Македонија”! Зоран Заев и Христијан Мицкоски треба да разберат, дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!
    Зоран Заев и Христијан Мицкоски треба да се потсетат дека Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство на референдумот од 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки! Одлуката на референдум по Устав за сите е задолжителна, без исклучок!
    Со промена на името на државата и идентитетот на нацијата се врши државен удар врз уставо-правниот поредок на земјата! Со промена на името на државата и идентитетот на нацијата се рушат правната држава, правата и слободите на еднаквите и рамноправните!
    Затоа јавново обраќање до Заев и Мицкоски, кои сте Вие да го менувате јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ?
    Кои сте Вие да го менувате името на државата Македонија! И припомнете си: Не постои парче земја ненатопена со крвта на милиони знајни и незнајни јунаци и борци кои загинале за слободата на Македонија, за слободата на Македонскиот народ и за Македонска држава!
    Зарем после илјада години возобновена Македонија, си зедовте за право да ја егзекутирате државата и нацијата со шарлатанско водење на политика, вредна за потсмев пред светот, нациите и државите?!
    Заев рече дека СДСМ повеќе не е македонска партија. Заев рече и дека СДСМ повеќе не е патриотска партија. Но, зарем сите во СДСМ заборавија дека ова е држава Македонија, во оваа држава Македонија живеат Македонци кои зборуваат Македонски јазик?! Зарем ниту еден не може да му рече на Заев: Царот е гол! Доста е! Па ова не е фирма на Заев и Мицкоски, ова е држава и наша и Ваша, на сите, на живите, умрените и неродените! Спасете ја нацијата и државата од велепредавството на врховистите и колаборационистите и ставете крај на оваа агонија и национална драма!
    Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во светот и во татковината, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател. Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезниме!
    Промената на името на државата и идентитетот на нацијата е антипод на “едно општество”. Со промената на името на државата и идентитетот на нацијата, од државата ќе остане поделена територија и растурена нација… Ќе го посеете семето на злото во коешто ќе тлеат предуслови за граѓанска војна…Или ќе ве паметат како спасители на нацијата и државата или како соучесници во велепредавството врз Македонците и Македонија!
    И за крај, пресудата, ќе дојде ден, ќе се изврши! Нема да го избегнете судот на правдата, на историјата и на народот!

Comments are closed.