Позајмените вратоврски на Заев и Димитров на лидерската средба (ФОТО)

Loading...

Анализата на пораките од лидерската средба што ја направи expres.mk во делот на вокабуларот и општите пораки покажа и една друга невообичаена ситуација поврзана со облеката на членовите на владата, премиерот Заев и министерот Димитров.

Имено, на саботната средба во Клубот на пратениците со претседателот на државата, лидерот на опозицијата и делегација на ДУИ, Заев и Димитров носат едни вратоврски а за време на давањето на изјавата сосема други.

Според информациите на expres.mk од очевидци, причината за ваквата промена на вратоврските е во тоа што на состанокот на државниот врв Заев и Димитров пристигнале опуштено без вратоврски. Сите останати учесници на средбата од сите три други делегации биле облечени согласно протоколот.

Откако Заев и Димитров биле предупредени дека поради „лежерниот“ стил во јавноста можат да бидат обвинети за непочитување на претседателот и лидерот на опозицијата, кои што пристигнале облечени формално, тие позајмиле дел од гардеробата од свои блиски соработници.

За време на средбата протоколот на премиерот и шефот на дипломатијата донесле нивни вратоврски со кои што во една од паузите за цигара биле заменети позајмените а министерот Димитров дури успеал и да ја промени кошулата за да одговара стилски на вратоврската.