Пожар на грчки остров – евакуирани две села (ВИДЕО)

 

Две села на грчкиот остров Евија се евакуирани поради шумски пожари кои се засилуваат од силни ветришта.

Противпожарната бригада соопшти дека жителите на селата Контодупоти и Ставрос во централните делови на Евија, околу 70 километри од Атина, превентивно биле евакуирани, објави Ројтерс.

Бројот на жртвите во пожарот во селото Мати во близина на Атина на 23 јули се искачи на 94, поради што беше сменет министерот за цивилна заштита и противпожарната служба и полицајците.