Познат идентитетот на повредените во престрелката во Тетово

 

37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. како и 49-годишниот М.А.се тројцата повредени во престрелката во Тетово која се случила ноќеска на улицата 29номври во Тетово.

Првите двајца имаат повреди во стомакот додека М.А. во пределот на поради што се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“, јави МИА.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски на местото на настанот пројнајдени се пиштол марка „зброевка“, рамка со осум куршуми и пет чаури, како и  патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички.

Оставете Коментар