Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ го вознемири кампот против Преспанскиот договор

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска Старова предизвика емотивни реакции на социјалните мрежи откако објави навидум неодреден став како ќе се однесува на 30 септември.

Откако предходно повеќе пратеници на опозицијата јавно и јасно најавија дека нема да гласаат за Преспанскиот договор и за уставни промени Исмајлоска Старова со својата нејасна позиција ги вознемири противниците на договорот со Грција.

“Како што се приближува 30 септември, сè почесто Референдумот е тема на разговор. Во кампањата ја побарав вашата поддршка и чувствувам одговорност да го споделам својот став. Како пратеник, моја должност е да го почитувам Уставот и да бидам гласот на оние кои ме избрале. Никој не е над волјата на народот, затоа што функцијата треба и мора да биде гласот на луѓето кои живеат во Република Македонија. Верувам во вашата мудрост и немам намера да одам против вашата одлука на 30 септември”, напиша Исмајлоска Старова која сепак не прецизираше како конкретно ќе се однесува на референдумот и за време на дебатата во собранието на која треба да се менува уставот.

На нејзиниот коментар реагираа и луѓе кои недвосмислено разбрале дека таа нема да го поддржи Преспанскиот договор но и граѓани кои пораката ја доживеале како најава дека Исмајлоска – Старова ќе ги поддржи промените на уставот согласно Преспанскиот договор.

Откако во коментарите од неа беше побарано да даде дообјаснување пратеничката на својот статус напиша дека нема да гласа на 30 август и ги смири страстите меѓу граѓаните.

На власта во моментов и се потребни 7 пратеници од опозицијата за да дојде до двотретинско мнозинство за промена на уставот а непотврдени информации велат дека владеачките партии веќе започнала сериозна операција за обезбедување на поддршка.

SHARE

Comments are closed.