Денешната одлука на пратениците, да (си) ги скусат трошоците за патување од внатрешноста кон Скопје за 30 отсто или да добијат стан на користење во главниот град на државна сметка, предизвика очекувани реакции на социјалните мрежи.

Пренесуваме една од по-аргументираните, а секоја сличност на името споменато во постот со реална парламентарна личност, се разбира, е – случајна.

„Си ги намалија патните трошоци, наместо Мира Дизел што земала 12 илјади евра, сега ќе зима 8 илјади евра. Еве ги привилегиите и бенефициите кои им остануваат:

Покрај редовните месечни примања кои изнесуваат не помалку од 80 илјади денари (во зависност од тоа дали раководи со комисија или е координатор на пратеничка група), има право на други лични примања и на надоместоци на трошоци.

Пратеникот има право на надомест за: селење од местото на постојано живеалиште во местото каде што ја врши функцијата пратеник; стручно усовршување и образование;

погребни трошоци во висина на просекот на двете последни плати на починатиот пратеник;

дневница за службено патување во земјата без трошоци за ноќевање до 4 отсто од просечната плата по работник исплатена во стопанството на Македонија во претходните три месеци;

трошоци за ноќевање кои се признаваат според приложената сметка, освен во хотели од делукс-категорија;

дневница за службено патување во странство;

надоместок за одвоен живот од семејството, кој изнесува 30 отсто од просечната плата во земјата; отпремнина при заминување во пензија во износ од две просечни месечни плати остварени во претходните три месеца“.

 

2 Коментари

Оставете Коментар