Некои пратеници кои гласаа за иницијативата за пристапување кон уставните измени се под 24 часовна заштита од полицијата поради закани по нивната безбедност.

Под полициска заштита се не само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласа спротивно на партискиот став, туку и пратеници од владејачкото мнозинство.

Дел од нив побарале заштита, а за дел одлучила полицијата по своја проценка, дознава „Фокус“.

SHARE

Оставете Коментар