Пратеник Албанец го урива обвинението на ЈО за 27 април

Во мноштвото информации од судењето за 27 април јавноста не забележа дека пратеникот Весел Мемеди како релативно објективен сведок му направи најголема штета на јавното обвинителство во обидот да докаже тероризам и обид за уривање на власта.

Весел Мемеди, Никола Тодоров, Зоран Заев и Оливер Спасовски со своето сведочење ја потресоа позицијата на обвинителството дека на 27-ми април имало „усогласени и координирани дејствија чија цел била да се спречи изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија“, како што тврди обвинителката Вилма Рускоска во случајот против 33 луѓе на кои им се заканува доживотен затвор.

Според Тодоров, никој од пратеничката група на ВМРО ниту очекувал ниту знаел дека парламентарното мнозинство ќе бира претседател на 27-ми април, туку дека и тој ден како и претходните 30-тина од почетокот на конститутивната седница ќе мине вообичаенo, со што се негира моментот на „организиран план и координирани дејствија“ за какви обвинителството тврди дека биле дејствијата преземени од обвинетите за тероризам на 27-ми април.

На неговото сведочење се надоврза и пратеникот Весел Мемеди од Алијанса на Албанците и еден од луѓето кои беа клучни за мнозинството од 61 пратеник кој гласаше за Џафери. Тој сведочеше дека на 27-ми април му било досадно цел ден, бидејќи бил ден како и секој претходен, а му било досадно бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги одолговлекуваше седниците со бесконечни процедурални реплики кои меѓусебно си ги упатуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Мемеди исто така потврди дека дури ни тој не знаел за никаков план дека мнозинството во кое е и тој, ќе бира претседател на Собрание токму тој ден. Дури откако завршила пленарната седница во 18 часот дознал дека дента ќе го бираат Џафери.

За потсетување, СДСМ во тој момент имаше 49 пратеници во парламентот, ДУИ 9 (без Ахмети, кој не бил тука поради процена на раководството на ДУИ дека е небезбедно да е таму) и три на Алијансата на Албанците (еден од нив е Весел Мемеди). Со ова само се потврдува тезата дека не можело да има усогласени и координирани дејствија, односно претходен план за спречување на изборот на Џафери како што тврди обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи дури ни пратениците кои го бираа Џафери не знаеле дека токму тој ден ќе се случи изборот.

Минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги потврди претходните сведочења, дополнително задавајќи удар на пренапумпаната квалификација на Рускоска, образложувајќи дека изборот на Талат Џафери на 27-ми април беше завршен пред да почнат немилите настани. Спасовски раскажа дека по крајот на седницата мнозинството избрало претседател и се упатиле во прес салата за да се соопшти тоа. Ова е важно затоа што според Рускоска, терористичкото загрозување постои само затоа што таа претпоставува дека целта била да се спречи изборот на Џафери – а ако изборот бил завршен, целта не можела да биде негово спречување.

Ова е потврдено и во извадокот од Службен Весник во кој е објавен изборот на Џафери и на кој јасно стои дека на 27-ми април претседателот бил избран од страна на мнозинството.

По овие сведочења обвинителството ќе мора од темел да ја менува својата стратегија а веројатно подоцна и обвиненијата. Особено затоа што тогашниот лидер на Мемеди, Зијадин Села беше една од жртвите на насилство и тој нема зошто да го лаже судот.

3 Коментари

  1. Абе кој „паметен“ го напиша овој текст? Ако не се знаело дека на 27-ми ќе бил избран Џафери значело дека не било припремено тоа што на тој ден се случи??? Тие што го припремаа нападот на Собранието, сигурно го припремаа за тогаш кога ќе се случи Собранието да избира претседател без разлика дали тоа ќе биде на 27-ми, 28-ми, 29-ти или било кој друг ден. И тие не се обвинети дека сакале да го спречат изборот на Џафери (такво дело не постои во КЗ), туку за ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГОРОЗУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК И БЕЗБЕДНОСТА по член 313 од КЗ на Македонија. Тоа значи дека со превземените дејства обвинетите СОЗДАЛЕ ЧУВСТВО НА НЕСИГУРНОСТ ИЛИ СТРАВ КАЈ ГРАЃАНИТЕ, а тоа не значи само со попречувањето на избор на претседател на Собрание. Зошто дозволувате вакви глупави аматерси текстови на порталот.

    • Dosta be tokmak eden. Gledaj prvin kako go izbraa teroristot. Dali spored tebe bese zakonski? Bez zapisnik, bez nikakvi proceduri, kako na pazar, posle zavrsena sednica, na sila pucisticki, prethodno so peenje na albanska himna. Preku stapot od takvite ko vas bolni za toj sds.

  2. А зошто бе Курте го избраа без записник, без никакви процедури, како на пазар, после завршена седница? Е, мој Курте. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ не даваше да се избере претседател на Собрание од страна на мнозинството во Собранието како што е редот и законот.

Оставете Коментар