Пратеник на Независни Грци ја напушти партијата

Јоргос Лазаридис пратеник на партијата Независни Грци (АНЕЛ) ја напушти партијата која е коалиционен партнер на владејачката партија и најави дека ќе дејствува како независен.

Иако Лазаридис сè уште не ги разјасни причините за неговата одлука, се чини дека тие се поврзани со прашањето на името и Преспанскиот договор, јавија медиуми.

Лазаридис гласаше против изгласувањето недоверба на Владата пред десетина дена.

Владејачкото парламентарното мнозинство сега брои 152 пратеници.

 

Оставете Коментар