Пратеник на „Независни Грци“ ќе гласа за преспанскиот

Таласис Папачистопулос, во изјава за ЕРТ рече дека ќе ја поддржи владата и дека нема да ја следи политиката на неговата партија чиј лидер е министерот Панос Каменос кој се противи во името на северниот сосед да слои зборот „Македонија“, што редизвикува криза во владејачката коалиција.

Пратеникот на „Независни Грци“(АНЕЛ) синоќа објави дека ќе гласа за преспанскиот договор.

Во изјавата за ЕРТ тој додаде тој се противи да има гласање за недоверба на владата и дека, доколку е потребно, ќе му даде доверба на Алексис Ципрас.

Владејачката СИРИЗА има 145, а АНЕЛ има 7 пратеници во парламентот од 300 места.

Синоќа коалициските партнери Каменос и Ципрас имале тајна средба на која веројатно се обидувале да ги „испаглаат“ неосгласувањата околу преспанскиот договор и „планот Б“ што Каменос го понуди како алтернатива.

SHARE