„Оги беше еден од најактивните борци против режимот. Неговото кафуле ни беше прибежиште на сите, беше местото каде знаевме дека сме безбедни. ВМРО постојано го таргетираше со инспекции и често пати го казнуваше, ама ни ВМРО не се дрзна да го уапси, а ние го сторивме тоа. Срамота“, напиша Павле Богоевски на неговиот профил на „Фејсбук“.
Повод за емотивната реакција на пратениикот од власта, Павле Богоевски е синоќешната полициска рација во скопските локали и апсењето на сопственикот на кафилето „Сектор 909“, Огнен Узуновски –Ози, пишува МКД.мк.

„Манифестацијата на сила беше едно од основните обележја на режимот. Но, веќе подолго време во скопските клубови се спроведуваат некакви акции, рации од страна на полицијата и инспекциите. Начинот на кој се прави тоа секогаш е со големо полициско присуство, во текот на работното време на клубовите и на начин на кој се попречува нивното работење. Но, најлошо од сè, на начин на кој јасно се манифестира полициската сила. Тоа уште повеќе ја урнисува, и онака малата и кревка доверба на граѓаните во полицијата“, напиша на на ФБ Богоевски.

Синоќа била извршена контрола на „Сектор 909“ на Огнен Узуновски, истакнат поддржувач на „шарената револуција“. Узуновски бил приведен затоа што се спротивставувал на контролата на полицијата и на инспекторите за труд и на УЈП. Посетители пишуваат дека полицајци со автоматско оружје барале да се исклучи музиката во „Сектор“, пишува МКД .мк.

По рацијата, Узуновски на „Фејсбук“ напиша: „Татко ми вика цел живот: Сине ќе те учи работата. Така да сигурен сум дека е у право ‘ќе нè учи работата’. Јас Огнен Узуновски не се осеќам како криминалец и Сектор 909 не е само едно обично диско, туку е еден начин на ‘живот’. Не можете да нè сопрете, тука има многу љубов… Со ова вечерва, сами Вие (знаете на кој се обраќам) треба да размислите дека ако #немаправданемамир“.

 

3 Коментари

  1. И што ако бил еден од најактивните борци против режимот? Поради тоа ли не смее да се направи контрола? Друго е прашањето колку е оправдана таква рација во кафуле.

Comments are closed.