„Законски веќе ги скративме патните трошоци за 30 отсто и тоа е доволен напредок. Јас ќе патувам и понатаму со автомобил затоа што сакам да останам во непосреден контакт со моето гласачко тело, односно да бидам блиску со оние кои ме изгласаа како пратеник“ – изјави Хари Локвенец за „Телма“.

Претеникот од Прилеп нема да ја користи законската можноста да изнајми стан во Скопје  за 400 евра месечно заради кратење на собраниските трошоци.

Хари Локвенец со над 7 илјади евра беше на топ-листата од 20 пратеници кои во првите 6 месеци од годинава пријавија огромни патни трошоци,

Да потсетиме, рекордер беше пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска која од декември 2017-та до мај годинава добила 11.770 евра. Мира Стојчевска од СДСМ,  зела 10 396 евра, додека Алија Камбероски од партијата ПЕИ, 10.355 евра.

За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска добила 8.359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, по над 7 илјади евра, Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците 7.962 евра и Агим Шаќири од ДУИ зел 7.600 евра. 

 

Оставете Коментар