„Правда за Саздо“ од трибините на „Лужники“ во Москва

Навивач од Македонија кој синоќа од трибините на стадионот „Лужники“ во Москва го следел натпреврот Хрватска – Англија на Фејсбук објави фотографија со транспарент на кој пишува „Правда за Саздо“.

Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“ почина откако десет дена беше во кома по претепувањето од три лица на автобуска постојка во скопска Автокоманда на 29 јуни.

Фотографијата ја пренесоа неколку портали.