Пред истекот на рокот за името, Скопје погодено од стравично невреме (ГАЛЕРИЈА)

Loading...

Додека Владата ги троши последните часови за решение на името пред крајниот рок што според Атина истекува вечерва, главниот град денеска погодено од силно невреме.

По силниот ветер, градот го погоди силен дожд а во централниот дел од Скопје паѓал и град со големина на орев.

Поплавени се голем број улици а од градот оштетени се и голем број возила и билборди.

Колкава била силата на невремето покажува и паднатиот семафор пред СЈО а на улицата Илинденска се паднати дрвја. Граѓани информираат и за искршени автобуски постојки.

Во моментов невремето се смирува а службите допрва ќе ги утврдуваат штетите.

Засега нема информација за жртви од невремето.