Пред молкот се јавија и Македонците од Албанија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото.

Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација. Македонско друштво “Илинден“- Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година! – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо.

SHARE