Пред Жбогар „се скараа“ кој да го чисти Пелистер (ВИДЕО)

Министерот за животна средина, Садула Дураку и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, си разменија „обвинувања“ пред амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар околу тоа кој е надлежен да го чисти Пелистер и воопшто ѓубрето во општината…

„Убаво место е, овде чист воздух, ама таму преку патот има ѓубре, градоначалничката треба да го исчисти тоа“, рече Дураку.

„Не само градоначалничката и централната власт треба нешто да направи“,  возврати Петровска.

Низ целата должина на патот кон Пелистер може да се види ѓубре и тела на мртви животни, јавуваат медиуми.

Преку програмата, финансирана од ЕУ, ќе бидат доделени осум големи грантови за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, секој во висина од 200.000 до 400.000 евра, пренесе ТВ21.

Низ процес на подобрување на нивните капацитети се избрани: националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, потоа Дојранско Езеро, Преспанско Езеро и Езерани, а во Скопје Матка, Водно и Сарај. Грантови добија Јасен, Општина Струга, Охрид и Дебрца.