„Предавник“ му довикуваа на Димитров пратениците на опозицијата!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров беше „почестен“ со повиците „предавник“ од своите поранешни сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ додека од собраниската говорница го објаснуваше својот предлог за носење по скратена постапка на Законот за ратификација на договорот со Грција.

Образложувајќи го предлогот, некогашната перјаница на сегашната најголема опозициска партија нагласи дека целта е да се извести НАТО до 28 јуни за да се очекува покана на самитот во Брисел на 11 и 12 јули.

Димитров беше член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 до 2014 година и како нејзин кадар во тој период извршуваше високи функции, како заменик-министер за надворешни работи, советник за национална безбедност на поранешниот претседател Борис Трајковски, амбасадор на Македонија во САД и во Холандија, преговарач во разговорите со Грција за разликата за името и правен застапник на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг во случајот против Грција.

 

SHARE