Преговорите за името биле „неопходни“, вели Ципрас

Преговорите меѓу Грција и поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), кои имаат за цел решавање на деценискиот спор за името, се „тешки“, но „неопходни“, изјавил грчкиот  премиер Алексис Ципрас вчера и додаде дека владата им приоѓа на разговорите „со чувство на одговорност и патриотизам“, но исто така со уверување дека мора да се најде решение.

„Токму овој став го демонстрира новиот имиџ за Грција на меѓународно ниво и ја зајакнува нејзината улога како столб на стабилност во регионот“ вели Ципрас.

Грчки медиуми тврдат дека на маса ќе биде некое од трите предлози а медијаторот Метју Нимиц: „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.

Портпаролот на владата Санакопулос вчера вио интервју за ЕРТ отфрли каква било можност да се преговора надвор предлозите на Нимиц, со што ги демантираше шпекулациите дека на маса е име поврзано со Крушево, како што деновиве пишуваше „Катимерини“.

Кој ќе биде „изборот“ и дали е тоа „северна“, клучен ќе биде најавениот телефонски разговор меѓу премиерите Заев и Ципрас, по договорот би бил официјализиран на средба во Преспа.