Дебар остана без „Братство и единство“

Советот на општина Дебар на денешната редовна седница донесе одлука за преименување на две училишта во градот.

Одлуките се однесуваат за основното општинско училиште “Братсво единство“ кое се преименува во “Пенестиа“, според албанските историчари тоа е старото име на Дебар, и средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ ќе биде преименувано во „28 ноември“, денот на независноста на Република Албанија и ден на националното албанско знаме.

Одлуката  за преименување и промена на статутите на училиштата помина и со потребниот број на гласови според Бадентер.

SHARE

Comments are closed.