Премиерот да ангажира уште еден писмен советник

И покрај шеесетината официјални советници и дополнителни десетина експерти за комуникации кабинетот на премиерот не може да го скрие нивото на негова писменост и познавање на македонскиот јазик.

Иако владата тврди дека заштитата на македонскиот јазик е приоритет а лани во септември донесе план од 11 точки за заштита и промоција на јазикот сега на премиерот нема кој да му каже како со граѓаните да комуницира на писмен начин.

Деновиве тој објави твит во кој прави грешка која што не би смеел да ја направи било кој интелектуалец а не еден премиер за кого во владата директно работат стотина луѓе.

Заев во твитот ги меша зборовите ,,смеат” и ,,смејат” чија разлика се учи во прво одделение.

Слободниот говор и лапсуси на социјалните мрежи се вообичаени за обичните граѓани но не и за првиот човек во владата која што тврди дека работи на заштита на македонскиот јазик.

SHARE

2 Коментари

  1. Ејјј , овој имал црвени линии!!
    Црвените линии требаше да ги имаш за договорот со Бугарија, за тиранската платформа и за уништувачкиот договор со Грција.А за тука требаше само да оствиш владеење на правото.

  2. Овој е нај-неписмен политичар во македонската историја, кој му даде диплома?
    Со нов идентитет ќе бидеме нова држава и ќе мораме над 200 меѓународни договори повторно да склучиме! Губиме и Нација и Држава, тргнуваме од почеток!

Оставете Коментар