Премиерот да ангажира уште еден писмен советник

И покрај шеесетината официјални советници и дополнителни десетина експерти за комуникации кабинетот на премиерот не може да го скрие нивото на негова писменост и познавање на македонскиот јазик.

Иако владата тврди дека заштитата на македонскиот јазик е приоритет а лани во септември донесе план од 11 точки за заштита и промоција на јазикот сега на премиерот нема кој да му каже како со граѓаните да комуницира на писмен начин.

Деновиве тој објави твит во кој прави грешка која што не би смеел да ја направи било кој интелектуалец а не еден премиер за кого во владата директно работат стотина луѓе.

Заев во твитот ги меша зборовите ,,смеат” и ,,смејат” чија разлика се учи во прво одделение.

Слободниот говор и лапсуси на социјалните мрежи се вообичаени за обичните граѓани но не и за првиот човек во владата која што тврди дека работи на заштита на македонскиот јазик.