Премиерот го откри проблемот со договорот за името

Владата потврди дека еден од главните проблеми за постигнување на договорот е негово вклопување во националното законодавство.

Токму затоа како прв критериум за квалитетно решение Заев денеска наведува дека тоа мора да биде “правно поткрепено”.

Според анализите на правниците и експерти по уатавно право договорот не може да мине затоа што има длабоки спротивности со македонскиот устав и закони.

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.

Заев денеска во Арачиново каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, истакна дека брзото решавање на спорот е врзано, како што кажа, со нашата желба да има решение пред Самитот на ЕУ и пред Советот на ЕУ закажан за 25 и 26 јуни, нагласувајќи дека деновите се броени.

Потенцира дека е битно да се постигне квалитетно решение кое што ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум.

Заев истакна дека постојано се одржува комуникација на сите нивоа во Владата во однос на прашањето за името и оти се разгледуваат различни стратегии завршување на овој 25 годишен спор. Додаде дека веднаш откако ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Цирпас, ќе ја информира јавноста.

– Се работи за последните моменти во обидите да се приближиме околу ставовите и оти кога тоа ќе се случи заеднички ќе ја соопштиме среќната вест и за граѓаните на Република Македонија и за граѓаните на Република Грција, рече Заев.

Нагласи оти секако тоа би бил договор најпрво меѓу претседателите на двете влади, меѓу министрите за надворешни работи, а кога тоа ќе се случи веднаш ќе бидат информирани шефот на државата, шефот на опозицијата, другите политички лидери и граѓаните.

За името кое што ќе биде постигнато како можно решение не сакаше да шпекулира ниту сакаше да одговори на новинарско прашање дали Република Северна Македонија како најчесто споменувано во грчките медиуми е можната прифатлива опција.

Нагласи дека во Германија не заминува на средби со високи германски претставници кои би дале поттик за решавање на спорот. Заев рече дека прашањето се решава на ниво на билатерална комуникација меѓу Грција и Македонија, а дека поддршката што ја даваат ЕУ, САД и сите меѓународни чинители е мошне важна во целиот процес.

Појасни дека во Германија тој заминува во Франкфурт со министерот за здравство Венко Филипче каде што ќе работат на зјаканување на соработката меѓу македонското и германското здрвство, а следниот ден на 14 јуни заедно со министерот за финансии Тевдовски ќе имаат средби со претставници на Дојче банк и 16 други компании заинтересирнаи за инвестиции во Македонија.

Потсети дека министерот Димитров во истовреме заминува за Берлин, но потенцира дека тие двајца Германија не ја посетуваат во рамки на процесот на преговорите за решавање на името.

Заев рече дека иако е посетата на Германија веќе е најавена, можно е и да не оди поради важноста на процесот на преговорите и желбата да се најде решени да се постигне договор.

2 Коментари

  1. Ke gi priblizel stavovite!? Ke ja kazel radosnata vest? Sto ke kazas be crpnat “Hristos voskresna.
    Kogo pravis budali kako ne ti sram? Site znaeme deka grcite ne se pomestuvaat od “erga omnes” ni milimetar, tuku samo dodavaat zgora po uste nesto.Znaci se si prifatil.

Оставете Коментар