Даночната реформа, која предвидува оданочување во висина од 18 отсто на нето приходи над 90.000 денари ќе опфати, само 1 процент од граѓаните, околу 9.000 граѓани во државата ќе потпаднат под новиот праведен данок“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

„Дај боже сите да имаме приход над 90.000 денари. Мојот месечен приход е 87.000 денари. Тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската плата, над претседателската плата веројатно во државата, над пратеничката плата.“.

Тој рече дека првично определениот праг за прогресивниот данок од 1.000 евра бил сменет по реакциите од јавноста, бизнис заедницата и експертите, но и да не ги демотивираат информатичарите и архитектите кои немаат 90.000 денари било одлучено да го подигнат прагот од нето-заработувачките над 90.000 што ќе се оданочува со дополнителни 8 насто.

Премиерот беше дециден дека друга промена на прагот за даночна реформа нема да има.