Премиерот Зоран Заев денеска отпатува во Струмица каде со своите соученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“одбележува 25 години од матура, се вели во денешното соопштение од владата

„Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем“, рече неговата поранешна класна раководителка Билјана Витанова.

По завршувањето на класниот час, премиерот Заев со своите соученици и класната раководителка, дружењето го продолжија во едно од струмичките кафулиња.

Зоран Заев, беше ученик во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица во генерацијата 1989 – 1993 година.

Оставете Коментар