Во рамките на посетата на Италија, македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Премиерот Заев, кој ја предводи владината делегација, по средбата со папата треба да оствари средба и со државниот секретар на Светата столица, кардинал Пјетро Паролин.

Претседателот на Владата на Република Македонија, во придружба на сопругата и на владината делегација, вчера учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.

 

SHARE