Преполовен македонскиот земјоделски извоз во Русија

Извозот на македонски земјоделски производи во Русија е значително намален. Извозот на зеленчук е преполовен, а пласманот на македонското овошје е намален 25% во првото полугодие од годинава, во споредба со истиот период лани, информираат од Македонско-руската стопанска комора.

Во првото полугодие од годинава македонските компании во на рускиот пазар извезле зеленчук во износ од УСД5,7 милиони, а овошје од околу УСД 4,9 милиони.

Според комората, за ваквата состојба нема никакви политички причини, туку се работи за одредено неснаоѓање на домашните компании со силната конкуренција на која се изложени на овој пазар.

Дванаесет македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук до 20 овој месец ќе ги изложуваат своите производи пред посетителите на најголемиот прехранбен саем во Југоисточна Европа „Мир питание 2018“ (WORLD FOOD 2018).

Во московскиот „Експоцентар“ каде што се одржува саемот, изложуваат 1600 компании од 62 држави. Во просек изложбата на храна ја посетуваат преку 30.000 посетители од 79 региони во Русија и 90 други држави. Дури 25.000 посетители или 84 отсто од посетителите влијаат на одлучувањето за купување производи презентирани на саемските штандови.