Договорот од Преспа ќе биде изгласан во грчкиот Парламент со 153 гласа „за“ од можните 300, уверува неговиот претседател Никос Вуцис.

„Преспански договор ќе биде ратификуван со јасно мнозинство. Тоа е единствената можност“, сигурен е Вуцис, кој очекува спогодбата што ја склучија премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, а во Нивици ја потпишаа министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров, да пристигне во Перламентот во Атина во февруари или во март следната година.

„Откако соседната држава ќе ги исполни сите услови предвидени со договорот, тој ќе пристигне за ратификација и во грчкиот Парламент. Нашата проценка е дека во тој период – до февруари-март – ќе има широка поддршка од околу 153 пратеници“, додаде тој.

 

3 Коментари

  1. Македонија не е рамноправна со другите земји-членки на ОН и Генералното собрание на ОН на следната седница треба да ја разгледа резолуцијата што бара земјава да го продолжи своето членство во организацијата под уставното име. Ова е дел од нацрт -резолуцијата која Игор Јанев, професорот по меѓународно право му ја предлага на Ѓорѓе Иванов, претседателот на Република Македонија. Во предложената резолуција што Иванов треба само да ја потпише се вели дека условите за прием на Република Македонија во ОН се во спротивност со одредбите на Повелбата на ОН. „Изборот на сопствено име од страна на државата не создава меѓународни правни права за таа држава, ниту пак се наметнуваат правни обврски на други држави. Затоа, името на една држава само по себе нема никакво значење во квалификациите кои можат да се земат предвид за приемот на таа држава во ОН.
    Јанев, професор од Институтот за политички студии во Белград вели дека претседателот Ѓорѓе Иванов оваа резолуција треба само да ја препрати до генералниот секретар на ОН António Guterres. Професорот Јанев потсетува дека името на една држава (те. правен идентитет на едно меѓународно правно лице) е суштински елемент на правното лице, и изборот на сопствено име од страна на државата е вродено ИНХЕРЕНТНОТО право на таа држава и е во строга смисла на зборот во доменот на нејзината најуска домашна надлежност.
    „Предложеното писмо (од Иванов до Бан Ки Мун) со нацрт резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН) претставува еден од двата модалитета за решавање на проблемот со името. Писмото што е предложено подразбира Генералното собрание да постави барање за советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата (МСП) во Хаг за легалитетот на специфичните дополнителни услови при приемот на Македонија во ОН. Во овој процес се користи веќе даденото советодавно мислење на судот од 1948 година според кое дополнителните услови при приемот на држава-кандидат не се легални, ниту пак дека за такви услови органите на ООН смеат да гласаат“, вели во изјавата професорот Јанев.
    Според него, доколку Генералното собрание постави такво прашање до МСП, поаѓајќи од преседанот направен во 1948 година со првото судско мислење, Судот треба да се прогласи за надлежен и да изнесе став дека при приемот на Македонија во ОН се поставени дополнителни услови и дека таквите НЕ се легални. Оттука, за нелегални ќе се сметаат „деноминацијата“ (референцата) Бивша Југословенска Република Македонија-БЈРМ и обврската за преговори за сопствено име, односно сопствен правен идентитет или името.
    „Советодавното мислење како одговор се враќа во ГСОН кое пак ќе треба само да го прифати мислењето и да ја елиминира референцата-деноминација БЈРМ, заедно со нелеганото барање за преговори за името. Со оваа иста резолуција всушност треба да се овозможи правото на користење уставното име во ОН – Република Македонија.
    Со ова, постапката за името завршува и го продолжуваме члеството како Република Македонија, вели Јанев и потсетува дека постои и вториот модалитет со директно воспоставување на името во ОН. За овој модел- продолжуваме члеството како Република Македонија, треба да се користи аргументацијата за дополнителните услови направена од МСП (советодавното мислење од 1948 година) бидејќи треба да се оправда гласањето во ООН за замена на рефереирање – деноминацијата БЈРМ со уставното име Република Македонија. Простото повикување на фактот дека преговорите за името пропаднале не е доволно. Само доколку земјите во Генералното собрание на ОН се убедат дека е направено прекршување на Повелбата на ОН, ќе се гласа за замена на деноминацијата и продолжување на членсвото во ОН под Република Македонија.
    И во овој модалитет како и во претходниот се гласа со просто мнозинство од присутните кои гласаат во ГСОН. Прекинување на Времената спогодба не е потребно бидејќи inter pares договори, како Времената спогодба не ограничуваат акции и одлуки на ГСОН.
    Конечно, веќе 22 години Реублика Македонија собираше потенцијал од државите – членки на ОН кои не признале како Република Македонија. Денес 140 членки на ОН Сега е време овој потенцијал да се искористи во ГСОН.
    На потег е Ѓеорѓи Иванов“, изјави професорот Јанев.

  2. Во овој момент само 144 Грчки пратеници би ја поддржале спогодбата. Но мнозинството Грчки пратеници смета дека ваков договор е од најголемото национално значење и дека треба да се носи со двотретинското мнозинство од 180 пратеници, а оваа цифра не може да се достигне. Дури и при простото мнозинство, речиси е невозможно да се мобилизира во овој момент 151 пратеник за поддршката на договорот. Сите во партијата на Независни Грци сметаат дека со дополнителниот збор „Северна” не се прави „никаква дистинкција” во однос на „претходната состојба” со зборот „Република”. Имено, партијата на Независни Грци нема да дозволи ратификацијата на „шминка-договорот”, така да тие сигурно ќе иницираат пад на Владата во Грција. Истиот став за „шминка-договорот” имаат и речиси сите партији во Грчката опозиција.
    Но во споредба со Грците кои немаат императивна намера да го ефектуираат договорот, не по „секоја цена”, СДСМ како никогаш досега ќе направи апсолутно сѐ можно и невозможно договорот да помине и на референдумот и во парламентот на Република Македонија.

Оставете Коментар