Преспански договор важен економски, вели амбасадорот на САД во Грција

Американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пјат, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ го истакна економско значење на Преспански договор за Грција и за нејзините соседи на север.

„Грција е посакуван партнер за САД во нашиот ангажман со земјите од Западен Балкан. Вие имате огромно влијание, веќе имате оставено многу голем економски печат, со капацитет тој печат да се зголеми уште повеќе. Токму поради тоа Преспански договор е толку важен. Бидејќи ја отвора таа непосредна северна врска. Бев импресиониран во Солун, каде што се сретнав со многу силен консензус меѓу бизнисмените, [дури] иако не им се допадна договорот од Преспа, тие се согласија дека, ако се имплементира, тој ќе создаде значителни нови економски можности. Ова не е само прашање на Скопје, туку е поврзан и со историскиот однос што Грција го има со сите земји од Западен Балкан, фактот што Грција силно го дели американскиот став дека сите овие земји треба да бидат способни да продолжат да се движат кон членство во ЕУ и во НАТО доколку нивниот народ избере така“, изјави Пјат.

 

SHARE