Пресврт: „Илинденска“ сè уште на маса – Пишува Горан Момироски

Република Илинденска Македонија или Republica Ilindenska Makedonija на латиница без право да се преведува на англиска транскрипција е опцијата која што сè уште е на маса, иако вчера беше отфрлена од Грција.

Пресвртот за кој брифираат добро информирани дипломатски извори се случил по телефонскиот разговор во кој американскиот потпретседател Мајк Пенс „го охрабрил“ грчкиот премиер Алексис Ципрас да бара решение за спорот.

Со тоа, непреводливата варијанта „Илинденска Македонија“ останува главна основа на која ќе се одвиваат преговорите за името, и тоа со поголема улога на медијаторот Метју Нимиц.

Планот кој треба да нè внесе во НАТО и да обезбеди преговори за ЕУ има неколку точки, може да трае три месеца, а прво Македонија мора да создаде услови за тоа.

Најпрвин Заев треба да го изгласа решението со просто мнозинство во Парламентот, и тоа пред крајот на јуни, кога се случува самитот на ЕУ во Брисел.

Во меѓувреме, се калкулира дека со поддршка од опозицијата може да се почне процедура за уставни измени со цел во Уставот да се додаде новата додавка и да се обезбеди целосна употреба внатре и надвор според принципот ерга омнес.

Грција, односно Ципрас, од своја страна треба да обезбеди мнозинство во грчкиот парламент, каде што треба да биде прифатено новото име. Планот е со Нова демократија и со министерот за одбрана Панос Каменос да помогнат „пријателите“ со цел да прифатат „Македонија“ во решението, а „Илинденска“ да помине во Атина.

Ако овие услови се спроведат, Македонија во јули добива покана за НАТО, а претходно и датум за преговори во ЕУ.

Во меѓувреме, треба да дојде до неколку средби меѓу премиерите и шефовите на дипломатиите, на кои ќе бидат договорени конкретни чекори за финалето на спорот.

На овие средби се очекува да бидат избегнати дипломатските хаварии, како таа во Софија и како вчерашната, кога само еден час откако Заев најави решение, тоа беше одбиено од Ципрас.

 

5 Коментари

  1. Ова или она име, вака или онака, на овој или оној начин, ќе биде прифатено решение и од страна на Македонија и од страна на Грција, ако САД и ЕУ инсистираат на тоа.

  2. “Илинденска Македонија” нема никаква шанса да помине во Грчкиот парламент. Се е ЗАВРШЕНО!
    Ова е само еден вид шега на СДСМ, кои сака на крај да биде обвинета Грција за комплетна катастрофа и дебакл! Почнува тнр. “Blame-Game” стратегија.

  3. Ќе мора да има кривична одговорност за ЕРГА ОМНЕС! И за Заев, и за Димитров! Тие мора да завршат во затвор!

Comments are closed.