Најстариот пратеник во Собранието професорот Ферид Мухиќ денеска гласаше против носење на Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Грција и Македонија по скратена потапка.

Во изјава за НОВА ТВ, Мухиќ потврди дека гласал против законот да се носи по кратка постапка.

„Јас сум против Договорот и таков став имам веќе 27 години. Затоа гласав против“, кажа Мухиќ за НОВА ТВ.

Во изјавата пратеникот не објави каков ќе биде неговиот став за законот со кој Собранието ќе треба да го ратификува договорот за три дена.

Само кратко рекол „ќе видиме“.

Пратеникот Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека било какво име освен Република Македонија ќе биде недостоинствено решение за Македонија.

1 Коментар

  1. Јас повикувам сите пратеници, и мои пријатели од СДСМ да отфрлат овој штетен тнр. Договор со Грција! Апелирам на СДСМ да не овозможи ратификацијата на ваков Договор со кои се брише или проблематизира националниот идентитет на македонците и Република Македонија и под надворешно влијание и со надворешен акт менува Уставот н а Република Македонија!

Comments are closed.