Претепан висок функционер на СДСМ во Тетово

Вчера во Тетово од страна на група насилници е претепан Стојко Пауноски, поранешен пратеник од редовите на владејачката СДСМ.

Стојко Пауноски кој живее кај Офицерските згради во центарот на Тетово, вчера вечер околу 20 часот повикал сообраќајна полиција откако имал расправија од соседното кафуле со луѓе кои му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат

Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош.

Неговиот татко, Стојко Пауновски од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неидентификувани луца ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец.

Целата информација на магазин.мк