Претседателот Иванов не прифаќа ерга омнес

Од Кабинетот на шефот на државата Ѓорѓе Иванов соопштија дека неприфатливо е прифаќање на име за севкупна употреба на државата.

„Овој став на претседателот Иванов е „принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека Претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“ велат од Кабинетот.

Иванов во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

SHARE

Comments are closed.