Еден мал детал од Полска, снимен вчера, а кој помина незабележано, кажува многу за борбата за зачувување на сегашното име на македонската држава и методите што притоа се употребуваат.

Доследен на одбраната на уставното име на земјата и на заклетвата при стапувањето на функцијата претседател во два мандата, Ѓорге Иванов и на меѓународната конференција во Полска седна зад натпис „Република Македонија“, иако импровизиран.

Со оглед на тоа дека организатор на Самитот за климатските промени во Катовице се Обединети нации, каде што земјата што ја претставува тој е примена под привремена  референца, по „диверзијата“ врз табличката со англиската верзија со покривање на „Поранешна југословенска…“ Иванов е овековечен зад натпис со уставното име.

Шефот на македонската држава денеска, пак, имаше предавање на универзитетот во Вроцлав, во кое истакна дека „Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и од правото на самоопределување“.

„Грција со Спогодбата од Преспа ни наметнува ново име и бара тоа да се применува erga omnes – и за меѓународна, и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот. Преку оваа спогодба, Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како другите држави ќе ни се обраќаат нам“, рече тој во обраќањето.

Со Спогодбата, како што наведе македонскиот претседател, „ќе се преименуваат институциите, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет“.

„Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Она што грчката држава им правела на Македонците во Грција, сега, со Преспанската спогодба сака да им го направи и на Македонците во Република Македонија“, рече претседателот Иванов.

 

SHARE

6 Коментари

  1. ЕТЕ ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ КАКО СЕ ПОЧИТУВААТ УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ НА РМ. ЕДНАШ ДАДЕНАТА ЗАКЛЕТВА КАЈ ОВОЈ ЧОВЕК И КАЈ СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ НА РМ, ТРЕБА ДА ИМ БИДАТ СЕКОГАШ ВОДИЛКА НА ПАТОТ ЗА ЧУВАЊЕ НА СЕ ОНА ШТО ШТО Е ДРЖАВНО, НАЦИОНАЛНО, ВЕКОВНО, НАСЛЕДНО, ИСТОРИСКО. ГОЛЕМА ПОЧИТ!!!!

  2. Натписот е во ред, но Ви претседател Иванов треба да ја реализирате стратегијата и план за воспоставувањето и признавањето на уставното име Република Македонија во ООН. Се друго е само една шминка! Сега во овие моменти треба да бидете со својот народ и да покренете постапките за воведувањето на уставното име Република Македонија во ООН. Целото членство на ВМРО-ДПМНЕ чека на Вашата акција! Преспанскиот договор не смее да се ефектуира. Битка за името треба да ја започнеме во ООН, таму каде што проблемот и настанал 1993. г.

  3. Претседателот на Републиката поднесе иницијатива за воспоставување диполоматски односи со 19 држави во светот под државното име Р. Македонија.

    • Претседателот на Републиката Иванов сеуште не поднел таквата иницијатива! А треба да поднесе односно поточно прати соодветни писма за признавањето под уставното име, со што бројката би се зголемила на над 155 земји кои признаваат Македонија под уставното име те. би имале поголем потенцијал да истуркаме име Република Македонија, наместо БЈРМ, во ООН.

  4. […] Доследен на одбраната на уставното име на земјата и на заклетвата при стапувањето на функцијата претседател во два мандата, Ѓорге Иванов и на меѓународната конференција во Полска седна зад натпис „Република Македонија“, иако импровизиран – пренесува Експрес.мк. […]

Оставете Коментар