Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари ги негираше шпекулациите дека умрел и дека е заменет со двојник.

„Ова сум вистинскиот јас, ве уверувам“ порача тој на прес- конференција во Полска.

Веќе неколку месеци циркулираат шпекулации дека Бухари умрел.

Нигерискиот лидер, кој ќе се обидува да освои нов претседателски мандат во февруари, помина пет месеци минатата година на лекување во Велика Британија, што беше причина да се рашират информации, веројатноод неговите противници, дека е мртов и дека е заменет со двојник од Судан.

 

SHARE

Оставете Коментар