Приштина ги спроведува заканите на Рама за „еден народ во една држава“

Парламентот на Косово ги засили шпекулациите дека Тирана и Приштина во координација работат на идејата за Голема Албанија на која предупреди лани албанскиот премиер Еди Рама, кој проектот го поврза со европската интеграција на Косово и на Албанија.

Откако стана јасно дека Албанија и Македонија на крајот на месецов можат да останат без датум за преговори, а Приштина не е ни на дневен ред, Парламентот на Косово донел резолуција со која се укинува контролата на патниците кои влегуваат во Албанија.

Сите присутни 73 пратеници гласале за одлуката со која за граѓаните на Албанија и на Косово во целост, без никаква контрола од полицијата, се отвораат влезот и излезот преку премините Морина, Ќафа Пруш и Врбница.

На истата седница косовското собрание усвоило и одлука за укинување на роамингот за мобилната телефонија меѓу двете земји.