Премиерот на Приштина, Рамуш Харадинај и неговиот заменик Енвер Хоџај, навестија можноста за прекин на дијалогот со Белград, доколку  визната либерализација за Косово не биде ставена на дневен ред во декември.

Споед приштински медиуми, постои разумната врска помеѓу овие два процеси.

Харадинај и Хоџај велат дека не е во ред Брисел да врши притисок врз Приштина за дијалог, додека во исто време не донесува одлука за визна либерализација за Косово.

Властите во Приштина ветија дека визна либерализација за косовските граѓани ќе има до крајот на годинава.