Призна ли министерот Спасовски илегално следење граѓани што имаат контра став за референдумот? (ФОТО)

Што значи ако министер на внатрешни работи на земја со мала и слаба демократска традиција ќе рече “следиме и гледаме кои се тие луѓе”.

Дали министерот Оливер Спасовски зборуваше во име на МВР или во име на својата партија кога кажа дека тој заедно со други луѓе следат група луѓе. Дали МВР води истрага за луѓето од движењето #бојкотирам што според него имаат легитимен став?

За жал кој и да е одговорот, Спасовски го крши законот.

Доколку министерот говори во име на МВР а наведените луѓе се следат без налог на судија тогаш Македонија влегува во нов скандал со следење на комуникации и ќе треба да следат оставки.

Доколку Спасовски кој во интервјуто за Македонската информативна агенција е најавен како министер а не член на СДСМ зборува за партиско следење на состојбата тогаш го крши Законот за внатрешни работи и член 21 од колективниот договор во МВР кој вели дека вработените во МВР не смеат да изразуваат партиски ставови и убедувања при вршење на нивната работа.

Спасовски во интервјуто за МИА изјави дека се следи работата на луѓето од платформата “бојкотирам” и се гледа кои се тие луѓе.

Тој ја обвинува опозицијата дека нема став за референдумот и вели дека тие што бојкотираат имаат легитимен став да го сторат тоа но сепак се следени.

“Немањето на став во политиката е многу важна работа. Полошо е дури и од ова „бојкотирам“. А за таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја следиме, гладеме кои се тие луѓе. И тие имаат легитимно право да излезат со свој став. Меѓутоа, бојкотот не е став. Бојкотот не значи алтернатива”, изјави Спасовски во интервјуто. 

Јавноста досега не беше запознаена дека се води истрага поврзана со кампањата за референдумот.

Целото интервју на Спасовски за МИА