Призна ли владиниот ПР дека децата добиваат лоши вакцини? (ФОТО)

Во период кога Светската здравствена организација апелира државите во Европа сериозно да поработат на нивото на вакцинирање заради рекордниот број на заразени од мали сипаници на континентот, овде од нај-најнадлежни инстанци се промовира скептицизам околу вакцините, пишува порталот офф.нет.мк и прашува што значи оваа порака објавена преку кампањата за референдумот.

1. Дека сега не се баш најквалитетни оние вакцини со кои се бодат децата?

2. Дека се квалитетни ама ги нема за сите деца?

3. Сменето го името инаку ќе ви ги боцкаме децата со отров?

Според пораката од постерот на владината кампања сите деца ќе добиваат најквалитетни вакцини дури кога ќе влеземе во ЕУ.

Бонус прашање од expres.mk:

Вакцини ќе има и за нашите деца или само за вашите? За другар прашуваме.

SHARE