Премиерот Заев добил црн појас во џудо, не се појавил на церемонијата

Џудо Федерацијата на Македонија, му доделила почесен црн појас на премиерот Зоран Заев.

Џудистите и љубителите на овој спорт на социјалните мрежи почнаа веднаш да бараат одговор зошто на премиерот му се дава црн појас кога тој никогаш во животот не тренирал џудо ниту направил нешто за промоција на оваа витешка вештина.

Црниот појас е доделен вчера во присуство на претставници од Амбасадата на Јапонија задолжена за Македонија.

Заев не ги удостоил лично џудистите да го прими почесниот црн појас кој на претставник на неговиот кабинет (на фотографијата десно) му го предал Зељул Реџепи, новиот претседател на Џудо Федерацијата на Македонија.

SHARE

Оставете Коментар