Државите  наследнички на поранешната СФРЈ потпишаа договор во Њујорк за продажба на  апартманот на Парк Авенија 730 за вкупно 12,1 милиони долари.

Средствата од дуплекс-апартманот од околу 215 квадратни метри со шест-спални, четири бања ќе се поделат меѓу поранешните југословенски републики – Србија, Хрватска, Македонија , Босна, Словенија и Црна Гора.

Резиденцијата што некогаш ја користеа југословенските амбасадори, како и поранешниот претседател Јосип Броз Тито на неговите патувања во Њујорк, е празен уште од 1992 година, кога замина последниот постојан претставник на СФРЈ во Обединетите нации.

Југословенската влада го купила апартманот во 1975 година за 100.000 долари, јави АП.

Во изминативе години Србија ги плаќала трошоците за одржување -по 15.500 долари месечно – поради што ќе добие речиси 40 проценти од цената што ја понудил непознат купувач.

Инаку, во тек е процесот на заедничка продажба на уште четири објекти на поранешна СФРЈ: Постојаната мисија на поранешна СФРЈ во Обединетите нации во Њујорк, амбасадата во Бон, амбасада во Берн и амбасадата/ резиденција на поранешната СФРЈ во Токио.

SHARE

Comments are closed.