Албанскиот премиер Еди Рама денеска од пограничниот град Пешкопеја, во близина на македонската граница кај Дебар, го најави долгоочекуваното продолжување на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“.

Со изградбата на автопатот кој се поврзува со Македонија кај преминот „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар, оддалеченоста до Тирана се намалува за цели 100 километри и ќе изнесува 82 километри.

Изградбата на автопатот, која беше стопирана 8 години, ќе чини 250 милиони евра.

SHARE