Продолжува садизмот на Саше Ивановски, близок на владиниот Пи-Ар

Откако вчера обвини охридски новинар дека ги изнајмувал двете ќерки во хотели на албански и холандски туристи и објави нивни фотографии, сопственикот и уредник на порталот Мактел денеска не запира со својот садизам.

Денеска негова мета е ќерката на водителот Миленко Неделковски чија слика објавува на порталот а која според Саше Ивановски Политико работела како проститутка во САД. Информациите на Ивановски му дошле од македонски гастрбајтер кој работел како камионџија.

За изживувањето на сопственикот на Мактел денеска молчи ЗНМ, молчи владиниот тим за комуникации кој што го покани на брифинг за името а молчат и фирмите кои се рекламираат кај него.

Меѓу тие чии реклами се наоѓаат под овој грoзен напис на порталот се Град Скопје, ЕВН и други десетина познати компании и институции кои важат за општествено одговорни и нејасно е како е можно тие да спонзорираат вакви написи.