Проф. Игор Јанев: Има решение за спорот со Грција

Од почеток на проблемот со името во ООН 1993., политичките тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура.

Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОИ! Оваа димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ!

Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!

Со новата планирана од Македонија и Грција Трајна спогодба (Компромис за името-идентитетот), Времената спогодба ќе се замени, но нема да се поништи претходната пресуда, посебно не онаа од Хаг, но битно е дека со новото име, сегашна привремената референца ќе се замени со нелегитимна ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА.

Односно со нова нелегитимна референца која не е израз на воља на народот.

Оваа како договорно и компромисно воспоставен идентитет не е легитимна како назив, а со тоа тешко дека ќе може да биде одржливо легално решение, бидејки подразбира дека претходно постоел СПОР или РАЗЛИКА околу името, а споровите за државни имиња не постојат, ниту можат да постојат, па произлегува дека компромисно име е наметнато (како и привремената референца), а не е израз на ВОЉА на народот.

Избор на името на народот, нацијата, па оттаму и уставното име (како основна уставно-правна категорија) е основно право на народот, а уставното име е JUS COGENS во внатрешната јурисдикција на државата, како основно државно право.

Од фактот дека новото име не претставува израз на Суверена Воља на народот, таков назив не е државно име и нема легитимитет (пристанок) на народот, туку се работи за ВЕШТАЧКА ТВОРБА или рефернца креирана со компромисен меѓународен договор! Ваква творба е ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА односно ВЕШТАЧКА ТВОРБА. Таа нема изворен и директен (народен) легитимитет.

Пресудата од Хаг јасно укажува дека не постои ниту иредентизам, ниту кражба или фалсификат на името (идентитетот) и историјата, и консеквентно дека сите Грчки барања се нелегитмни и без правен основ.

Овој став на Судот и по натаму останува правно релевантен.

Но при разгледувањето на предметот во Судот, фактот дека Времената Спогодба не е ратификувана во Грчкиот парлмент не беше пречка Судот да се прогласи за надлежен и да се потврди дека се работи за валиден документ. Ова е и општото правило, бидејки меѓународни спогоби не мораат да бидат ратификувани за да имаат меѓународно-правно дејство.

Сега ако се склучи потпишување на новата спогодба, независно да ли е потпишана од Претседателот, Премиер или Министер на МНР, таа ке биде валиден правно обврзувачки меѓународен акт, независно од тоа што не се почитувани домашни процедури или надлежности. Исто така ако истата не биде ратификувана, тоа нема да влијае на правното дејство односно таа ке биде валиден правно обврзувачки документ.

Од политичка гледна точка, за мене најинтересно е дека факторите во Македонија не разбираат дека проблемот има СИСТЕМСКИ карактер, односно не зависат од добра или лоша воља на двете или само една страна.

Во Општата Теорија на Системи е познато дека со вложување поголема енергија не се добива пропорцијален ефект, туку резултат може системски да биде и (значително) намален аутпут. Синергистички односно колективни ефекти можаат да бидат со негативен принос односно со ентрописки карактер.

Со интензивирање на преговорите резултантата е се полоши предлози од Грчката страна, дури многу полоши и од дифолтната референца која е и основната почетна причина за наметнато преговарање (со мотивациона интенција да се добие подобро решение од почетното т.е. од референцата).

Нормално, сега сите Грчки опции се под нивото на неприфатлива референца (по содржина), а идната РЕФЕРЕНЦА уште понеповолна, треба да стане и трајно решение или поточно трајната референца на тнр. „проблемот”. Од таа гледна точка проблемот нема решние.

6 Коментари

  1. Решение за името НЕ ПОСТОИ, како што НЕ постоело ниту овие 25. г. Од 1993, договор подразбира ЕРГА ОМНЕС. Ова СДСМ и ВМРО не разбираат, освем преку пракса кога ќе удрат со глава во ѕид. Дури кога ќе удрат во ѕид ќе разберат, МЕОЖБИ и само МОЖЕБИ ќе разберат, ДЕКА проблемот НЕМА решение!

  2. Грчкиот УЛТИМАТУМ треба РЕШИТЕЛНО да се Одбие!!!

    КРАЈ на срамните ПРЕГОВОРИ за ИМЕТО!!!

    АКЦИЈА во ООН за Република Македонија!!!

  3. ВАЖНО Е СЛЕДНОТО:
    Повелбата на ООН е највисок правен документ “УСТАВ” на ООН и сите резолуции мора да се во СОГЛАСНОСТ со Повелбата на ООН!!!
    Рез. 817. е ДЕФЕКТНА!

  4. Постоји решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 137 држави членки на ООН!
    Со 20 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 155 држави во ООН кои не признаваат под уставното име.
    Нема потреба од компромис!
    Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија!
    Со излегување од рамката на рез. 817, и од рамката на Времената Спогодба, Грција веќе изврши дерогирање на овие документи. Рез. 817 кај Грците служи за ПОТСМЕВ!
    Целата меѓународна правна НАУКА покажа дека Постоји Решение !
    Повелбата на ООН е највисок правен документ “УСТАВ” на ООН и сите резолуции мора да се во СОГЛАСНОСТ со тој акт.

Оставете Коментар