Проф. Ацески не бил свесен за се кога го потпишал писмото на 200 интелектуаци за името

Професорот Илија Ацевски денеска изјави дека не бил целосно свесен кога во февруари го потпишал писмото на 200 интелектуалци со кои од владата се бараше прекин на преговорите за името и заштита на идентитетот во ОН.

Професорот Ацевски денеска во емисијата Отворено на Алфа изјави дека тогаш тој не бил целосно свесен и не ги знаел сите детали за договорот со Грција за кој смета дека е добар затоа што бил во рамки на тоа што Македонија може да прифати односно да направи компромис.

Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред? Тоа беше насловот на отвореното писмо на кое се потпишани повеќе од 200 академици, професори, уметници, доктори… кои од политичарите побараа итно прекинување на преговорите за името во посредство на Метју Нимиц и обраќање до Генералното собрание на ОН како единствена меѓународна инстанција во која Република Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат.

Професорот Ацевски сега се откажува од својот потпис и практично вели дека не бил свесен што потпишал пред 7 месеци.

Тој во емисијата дебатира со професорите Јован Донев и Жидас Даскаловски и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Линк до емисијата Отворено на Алфа ТВ

SHARE

Comments are closed.