Проф. Котеска се освести: Кому должи Заев што создава мини-федерација

Професорката Јасна Котеска конечно проговори јасно и гласно со каков проблем се соочува Македонија.

Сега вели дека премиерот некому должи и затоа се решил да ја носи Македонија кон федерализација.

“Најискрено не ми е јасно во какви должничко-доверителски односи се ставил тековниот премиер и зошто става олкави чипови за земјата, за што ниту бил гласан, ниту понудил во програмата за гласање. По многу месеци размислување, ова сигурно знам: нешто овде не е во ред, вели Котеска.

Котеска сега нема никакви дилеми дека Македонија со промена на името и уставот ја губи својата државотворност.

“По Преспа и по анулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, крајно време е некој да алармира дека ова не е спас на Републиката.
Туку создавање мини-федерација. Како стручњак за 19век мене ми е јасно, ова е губење државотворност. Не сум десничар и ова не е FUD. Само сведоштво”, пишува професорката Котеска чиј татко во едноумието беше осуден за идеите за независна Македонија.

Таа смета дека ова што се случува не е создавање Четврта македонска држава, туку де факто губење на македонската државотворност.

“ЕУ веројатно повеќе не верува во можноста од македонска национална држава. Можеби се во право, можеби не, историјата ќе покаже. Но по 70+ год е сепак само историска трагедија”, смета еден од членовите на професорскиот пленум кои дури сега разбираат дека биле изманипулирани од страна на Заев кому му помогнаа да дојде на власт.

SHARE

Оставете Коментар