Проф. Лабовиќ открива скандал: Советот за реформи на правосудството не е свикан цели 100 дена

Професорот Миодраг Лабовиќ кој е член на Советот за реформи во правосудството во емисијата ,,Отворено” на Алфа со Горан Момироски, откри дека ова тело со кое раководи премиерот Заев не заседавало од 21 мај оваа година.

При најавата на неговото формирање откако предходно беше расформиран првиот совет од кој оставка дадоа повеќе членови меѓу кој и професорот Фрчковски, премиерот Заев вети брзи, ефикасни и успешни реформи во правосудството.

Реформи во правосудството се еден од најважните предуслови за почеток на преговори со ЕУ. Без нив и со решено име Македонија нема да почне да преговара со Брисел.

Изјавата на Лабовиќ на почетокот на видеото на ТВ Алфа.

https://youtu.be/lVNdx7mLGEc