Предлагам, Владата на Република Македонија, пред да го достави Договорот до Собранието, да побара пријателско мислење(amicus curie brief) од Венецијанската комисија.

Предлогот би можел да дојде и од Претседателот на државата, како надлежен за потпишување на указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот.

Се разбира, доколку дојде до оспорување на уставноста на Законот за ратификација на Договорот пред Уставниот суд на Република Македонија, предлагам тој да побара пријателско мислење (amicus curie brief) од Венецијанската комисија.

Исто така, предлагам, Владата на Република Македонија да побара Мислење од Венецијанската комисија за амандманите на Уставот на Република Македонија што ќе произлезат од Договорот, пред да ги достави до Собранието.

Предлозите за мислење на Венецијанската комисија би можеле да дојдат и од Претседателот на Собранието, пратеничката група на СДСМ, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и/или било која друга пратеничка група, во функција на одлучувањето за нив во Собранието.

Пишува: Гордана Силјановска- Давкова

SHARE

Comments are closed.