Проф. Силјановска: (ЗЛО)УПОТРЕБЕНО ЕВРОПСКО ЗНАМЕ!

Со потпишувањето на Договорот со Грција, одеднаш станавме „најевропјани“!! Владата, „во чест“ на г-ѓа Могерини и г-дин Хан, го закити Законот за ратификација на Договорот со европско знаме , „манифестирајќи“ европската посветеност.

Во трката со времето, откако „превиде“дека Комисијата за надворешна политика е законски надлежна за утврдување на потребата од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори, сега „заборави“ дека истата е законски надлежна за разгледување на предлог-законите за РАТИФИКАЦИЈА на меѓународните договори. Згора, не водеше сметка дека претседател на истата е пратеник од опозицијата.

Претседателот на Собранието, воден од (зло)употребеното европското знаме, а не од законските и деловнички одредби, наместо кон Комисијата за надворешна политика го пренасочи Предлог законот кон својот докажан соиграч во креирањето ЕКСПРЕСНИ постапки, претседателот на Комисијата за европски прашања.

Живо сум заинтересирана со кој изворен акт на Европската унија се усогласува Законот за ратификација на Договорот за да се процесуира под европско знаме?? Зошто во името на поделбата на власта и законитоста, Претседателот на собранието не се одважи да и го врати Предлог Законот за договорот на Владата, со барање за негово усогласување со Деловникот?

Ако член 188, став 3 од Деловникот предвидува дека Предлог законот за ратификација на договорот мора да содржи и оценка за потребата од ангажирање финансиски сретства, а на сите ни е јасно дека имплементацијата овој Договор бара огромни сретства, редно е Предлог законот да се најде и пред Комисијата за буџет и финансии.

ПОПУСТО Е МАФТАЊЕТО СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕ АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ОПОЗИЦИЈАТА И ПАРЛАМЕНТАРНАТА ПРОЦЕДУРА. БЕЗ ПРВАТА НЕМА ДЕМОКРАТИЈА, БЕЗ ВТОРАТА – НЕМА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!

Гордана Сиљановска-Давкова

3 Коментари

  1. […] Со потпишувањето на Договорот со Грција, одеднаш станавме „најевропјани“!! Владата, „во чест“ на г-ѓа Могерини и г-дин Хан, го закити Законот за ратификација на Договорот со европско знаме , „манифестирајќи“ европската посветеност, анализира професорката Гордана Сиљановска-Давкова во колумна на ЕКСПРЕС.МК. […]

  2. Statement in the UN General Assembly RES. 47/225 (1993) General Assembly: “Decides to admit the State whose application is contained in document provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”

    Comment:
    Since there could be no “differences” between states over their NAMES, its illegal to make statement as : ” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”!

    Difference??!!

    Over the Name !???

Comments are closed.