Професорот Јанев предупредува, по ратификацијата договорот влегува во ОН

Прфесорот Игор Јанев кој е експерт на Обединетите нации и со децении работи на спорот за името предлагајќи Македонија да започне процедура во ОН со која ќе си го врати уставното име наместо референцата ФИРОМ предупредува дека со ратификацијата на договорот со Грција земјава влегува во тешка ситуација на меѓународен план.

„За медијаторот Нимиц, Договорот од Преспа е веќе во сила. По неговиот потпис на договорот, и по ратификацијата САМО во нашиот парламент тој оди во Советот за Безбедност на ОН, како Анекс на следната резолуција на СБ на ОН со која СБ на ОН ги прифаќа одредбите и решението во Договорот.

Според Нимиц доволно е да Договорот биде ратифициран во Македонското собрание. И без ПОТИПС на Иванов! И без РЕФЕРЕНДУМ да стане дел од меѓународниот правен поредок!!

Со новата резолуција на СБ на ОН во која е содржано решение, ќе се заменат резолуциите 817, и 845“, смета професорот Јанев кој очекува новата резолуција да биде донесена едногласно.

Потоа според најавите на Јанев Нимиц планира решението да биде ПОТВРДЕНО и од Генералното собрание на ООН!

По овие акти, нема да биде лесно и на најсилните експерти работата да се врати на вистински пат за Македонија смета експертот по меѓународно право Игор Јанев.