Професорот Шкариќ со “Салто мортале” за името ја шокираше јавноста (ВИДЕО+ФОТО)

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ кој со децении беше противник на промената на уставното име на Република Македонија деновиве со ставови сосема различни од оние што жестоко ги бранеше од независноста.

Наспроти неговите стари тези дека Грција не смее да наметнува како ќе се вика Македонија сега тој го поздравува договорот за името и не гледа ниту една мана во него.

Шкариќ е уредник на една од најобемните книги за спорот за името во која се тврди и се даваат силни правни и политички аргументи дека Македонија не смее да го промени уставното име а сега вели дека договорот со Грција не е противуставен и дека е корисен за земјата.

Од овде посочените извадоци од негов меѓународен труд, интервјуто со Фактор 24 и од видеото од емисијата Стадион на Канал 77 може да се види за какви фрапантни разлики во ставови се работи кај еден од најдобрите познавачи на уставното право во Македонија и регионот. И тоа за релативно кратко време.

Пред нецели 2 месеци тој за името во интервјуто за Фактор магазин вели:

„Ако географската одредница би се употребувала во меѓународни организации, а не за внатрешна употреба тогаш нема да има потреба да се интервенира во Уставот. Ако пак Грција инсистира на ерга омнес тоа значи и за внатрешна употреба, тогаш од постојниот Устав не би останало ништо. Но не верувам дека Владата може да прифати такво решение. Но и да прифати такво решение, тоа не би било остварливо“.

4 Коментари

  1. ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ОДАМНА НЕ СЕ СЕЕ-САДИ СОНЧОГЛЕД А ОД ДРУГА СТРАНА СЕКОЈДНЕВНО НИКНУВААТ ВО СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ СОНЧОГЛЕДИ И ВРТИКАПИ. ПРЕД ИЛЈАДНИЦИ ГОДИНИ СЕ КОРИСТЕЛ ТРОЈАНСКИ КОЊ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ТВРДИНИ И ПОРОБУВАЊЕ НА НАРОДИ А ДЕНЕС САМО СО МУРТИНСКИ МАГАРИЊА СЕ ОСВОЈУВА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД И СЕ ДРУГО ШТО Е ПОВРЗАНО СО НЕГО!!!!

  2. Најдобро професорот Шкариќ да се обрати до Игор Јанев, за тој да му ги разјасни правните дилеми со Договорот. Сепак Шкариќ е само професорот по уставното право, но не и по меѓународното право.

  3. Што да коментирам? Бил помлад и свесен, сега одртавел како и Андов и тресат глуписти. Деменција ли ќе да е, Паркин си им се придружил? Важно никој да не ги слуша и да ги стави на игнор, оти којзнае што уште ќе истресат, ја под дејстви на терапијата, ја за некоја пара…

Оставете Коментар